Делегација на ОБСЕ од Хаг е во посета на Младински Совет Охрид
30.01.09 10:32
Делегација на ОБСЕ, предводена од Амбасадорот Кнут Волебаек -висок комесар за национални налцинства, имаше работна вечера со претставници на Младински Совет Охрид. На работната вечера што се оддржа во ресторанот Св. Софија во Охрид беше дискутирано за активностите на Младински Совет Охрид, како и за можностите за соработка на полето на образованието, човековите права, политичкиот дијалог и сл. Средбата беше искористена за дискусија посветена на проблемите помеѓу македонските и албанските ученици во средношколските центри во Струга, за престојните локални и претседателски избори, како и за проблемите и потребите на младите во општина Охрид.
На средбата, покрај Високиот Комесар за Национални Малцинства, присуствуваа и Роберт Шуп претставник на политичкиот сектор во Хаг, Наталија Грозд-Амбасадорка на ОБСЕ и заменик на шефот на мисијата во Скопје, Јохан Шустердер и Тицијана Гарсија Тапија-претставници на секторот за образование на ОБСЕ во Скопје и Доменико Албонети, претставник на политичкиот сектор во ОБСЕ во Скопје.
Делегацијата на ОБСЕ вчера во Скопје оствари средби со претседателот Црвенковски, премиерот Груевски и Министерот за образование Стојаноски.
Картите за 9-то издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, кој оваа година ќе биде во знак на најдобрата македонска современа поп музика и креативниот хумор, во ограничен број, ќе бидат п...
Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св Наум, се одвиваше по една коловозна лента, информира Автомото сојузот ...
Утрово во Охрид беше магловито Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност Во вечерните часови наместа ќе има појава на магла Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од сев...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.