Делегација на Општина Бечеј од српската автономна покраина Војводина, предводена од   председателот на Собранието Душан Јовановиќ, вчера оствари официјална посета на Општина Охрид.


На средбата со Градоначалникот Александар Петрески, гостите иницираа воспоставување на поблиска соработка меѓу двете општина.Беше договорено соработката да започе во областа на туризмот со размена на искуства , кои се особено важни за Бечеј ,кој почнува да ја развива оваа стопанска гранка. Покрај во туризмот двете општини имаат намера да соработуваат  во локалниот економски развој преку изготвување на заеднички проекти и користење средства од европските фондови, информираат од локалната самоуправа.

OhridNews