Делегација на општина Охрид, денеска присуствуваше во селото Цер на  манифестацијата за одбележување на 108-годишнината од херојската саможртва на Узунов и неговата чета.

Покрај делегацијата на општина Охрид,  на гробот на Христо Узунов се поклонија и голем број на здруженија на граѓани, образовни институции и поединци.

Инаку, месната заедница од с. Другово, како домаќин приреди пригодна културно-уметничка програма на која присуствуваа голем број граѓани.

OhridNews