Делегација на општина Охрид деновиве е во посета на Србија, како дел од одбележувањето на 1-ви февруари-Денот на градот Нови Сад. Делегацијата на Охрид ја сочинуваат заменик градоначалникот Ангел Јанев, советникот Климент Шешоски и директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Розе Костеска.
Во рамки на посетата, охридските претставници оствариле повеќе средби со домаќините на кои се разговарало за продлабочување на соработката.
За охридската делегација биле организирани и посебни средби со туроператори од Нови Сад на кои се разговарало за привлекување на туристи од ова подрачје како и со претставници од детските градинки на кои се договорени заеднички проекти.
OhridNews