Делегација на ВМРО ДПМНЕ од Охрид , денска ќе положи цвеќе на  новопоставениот споменик на Св.Наум во центарот на градот.

Меѓу поклониците најавени се иницијаторите за поставување на споменикот, поранешниот пратеник Цветко Грозданов, актуелниот Александар Николоски, новите пратеници  и членови на Општинскиот комитет, советници од советничката група на советот на Општина Охрид и други функционери на ВМРО ДПМНЕ.

Споменикот на Св. Наум Охридски беше откриен вчера со пригодна свеченост и црковни обичаи. Неговата изградба чини 160.000 евра, кои во најголем дел ги обезбеди Министерството за култура, а во реализацијата на проектот за кој силно лобираа пратениците на ВМРО ДПМНЕ од претходниот состав на парламентот,  учествуваше и локалната самоуправа.

OhridNews