Делегацијата од градот Баку од Азербејџан која беше дел од третата Меѓународна конференција „Водици 2015“, денеска ја посети општина Охрид.

Делегацијата била предводена од Академик Гафир Јабиев, потпредседател на Советот за радиодифузија, Академик Кубра Алиева, директор на Институтот за археологија при Азербејџанската академија на науките и уметностите и Проф. Д-р. Фериз Кјалили, директор на организацијата за промоција на културното наследство и туризмот.

Гостите ги примиле заменик гадоначалникот Ангел Јанев, членот на Советот Иљат Ибраим, помошник раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ирена Здравеска – Спасеска и Горан Патчев од Завод и Музеј, Охрид. Тие ги запознале гостите со тековните активности  и плановите за промоција на туризмот и локалниот економски развој.

Во рамки на разговорите бил ставен акцент и на мерките за зголемувањето на бројот на странските гости, како што се субвенционирањето на авио летовите и туристичката такса во приватното сместување од мал обем.

OhridNews