Градоначалникот Александар Петрески и секретарот на Општина Охрид Димитрија Вревезоски , денеска остварија  официјална средба со делегација на Општина Крджали од Бугарија предводена од градоначалникот Хасан Азис.

 На средбата гостите ја преставија општината која брои околу 120 илјади жители и 40 кметови на помалите општини кои функционираат во состав на областа Крджали. Од нивна страна беше истакнато дека и дека општинат арасполага со буџет од 20 милиони евра и богато искуство во користењето на фондовите на Европската унија.

Заеднички беше констатирано дека има простор за поблиска соработка меѓу општините Охрид и Крджали во областа на туризмот и бизнис секторот , како и реализација на заеднички проекти со користење средства од ЕУ фондовите.

OhridNews