Делегацијата на Општина Охрид предводена од градоначалникот Александар Петрески деновиве е во неколкудневна официјална посета на збратимениот град Јалова во Република Турција.

–    Овој престој ќе го искористам за средби со инвеститори за изградба на клиника, аква парк, трговски центар, за воспоставување на директен лет Охрид-Истанбул и за подобрување на туристичката понуда, како и други средби- изјави градоначалникот Петрески.


Паралелно со официјалните средби, во Јалова се одвива и манифестацијата во чии рамки настапуваат претставници од повеќе балкански земји, меѓу кои и КУД “Филиграни” од Охрид.

OhridNews