Делегацијата на општина Охрид составена од советниците Сашо Донев и Коста Трифуноски од името на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески на градоначалникот на Општина Птуј, Стефан Челан, му подарија слика со мотив на Охрид.
Во рамките на богатата програма беа одржани низа манифестации и активности, меѓу кои и традиционалната „Трка на градовите“ , во која учество зедоа и претставници на атлетскиот клуб Охрид од Охрид, каде во конкуренција од 13 екипи, нашите млади атлетичари го освоија солидното осмо место. Посебна атракција на трката на градовите претставуваше учеството на младиот атлетичар Климент Лазарески од атлетскиот клуб Охрид од Охрид, на кого како на најмлад учесник на трката, од страна на градоначалникот на Општина Птуј, му беа врачени пригодни подароци меѓу кои официалниот грб на Птуј, изработен од кристал, кој што се доделува само на најуспешните младинци во разни области.
Посетителите со туристичката понуда на Охрид можеа да се запознаат на поставениот штанд.
Советниците имаа можност да остварат средби и со заменик градоначалникот на градот Ст. Сур Лорет, Франсин Ле Мари и заменик градоначалникот на градот Бургхаузен Р. Германија, Герхард Хубер. Во неформалниот разговор, делегациите на Франција и Германија искажаа посебен интерес за градот Охрид и неговата туристичка понуда.