Како резултат на интензивната соработка, овие денови во посета на Охрид и ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ е делегација од техничкото училиште „Конак Мерсинли“ од Измир, Турција, предводена од директорот на училиштето Енвер Туркоглу.
Како што информираат од охридското средно училиште, со ова се заокружува иницијативата за збратимување помеѓу двете образовни установи, со што од наредната учебна година во посетите ќе бидат вклучени и учениците од двете училишта.
Инаку, во месец декември минатата година во Измир беше потпишана спогодба за соработка помеѓу ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ и техничкото училиште „Конак Мерсинли“. Во договорот се издвојува меѓународната соработка, развивање на пријателството, унапредување и модернизација на наставата и образовниот процес од двете страни, ширење на пораката за мир и солидарност, како и промоција на културните вредности и традиции.
OhridNews