Капитенот на македонската репрезенацијата, Горан Пандев сезонава ја доживува својата ренесанса во фудбалската кариера. По одличните настапи за Наполи во подготвителниот период со исто темпо продолжи во дресот на Македонија, а квалитетот струмичанецот го потврди на мечот од “Калчо Лигата“ против Парма одигрувајќи клучно улога во победата од 3-1.

– На почетокот слушав само лоши работи за Пандев, дека не тренира, не води здрав живот, склон е на дебелеење. Тогаш за среќа јас останав глув на сите тие зли јазици и поверував дека Пандев е правиот избор за Лацио. Јавно кажувам дека не погрешив што го доведов во Лацио поминувајќи прекрасни мигови со него – потенцираше Делио Роси.

Горан Пандев од редовите на Интер, премина во Лацио а подоцна по недоразбирањето со претседателот на “лацијалите“ се врати во Интер како слободен фудбалер.

– Пандев знаеше понекогаш да биде многу мрзлив. Тој нон стоп треба да биде под силна мотивација на тренерот. Својот максимум Пандев го дава кога е под постојан притисок. И тренерот на Наполи, Мацари го согледа тоа и знае како да го мотивира Пандев за секој нареден меч – заврши Роси.

Последен тим на Делио Роси беше Фиорентина, но по инцидентот со српскиот репрезентатицец Адем Љаиќ остана без работа.