Без Струја вечерва околу 21.30 часот останаа станбени блокови на бул. Туристичка, делови од населбите Лескајца, Воска, Далјан и други населени места. Проблеми со електричната енергија има и во охридско.
На некои места состојбата со електроснабдувањето се нормализира, но се уште има населби и населени места во околината на Охрид без електрична енергија.
Под влијание на влажниот бран кој од југ го донесе циклонот „Давид“ во Охрид од попладнево интензивно паѓа снег, а врнежите повремено преминуваат во дожд. Снегот е исклучително влажен, што предизвикува дефекти на електрична инсталација, кои се речиси редовни при вакви временски услови.
Пред Нова година снежното невреме со денови остави без електрична енергија илјадници жители на Охридско-струшкиот регион.
OhridNews












