Иако градот во целост е хортикултурно уреден пред почетокот на туристичката сезона, сепак делови во централното градско подрачје се обраснати со висока трева.
Наспроти хотелот „Палас“ во близина на студенскиот дом, тревата е висока околу половина метар, а веќе со години сопствениците на земјиштето не преземаат мерки за нејзино косење.
Граѓаните велат дека зеленилата покрај околните објекти се уредени, а тука веќе со години „парцелата“ стои запуштена.
Охриѓани бараат од надлежните институции да постапат според законот, а се надеваат дека проблемот ќе реши во најкраток можен рок.
О.Т.