Проблемот со уличното осветлување во некои делови на градот, се уште ги мачи охриѓани. Граѓаните имаат забелешка на електричните светлки, кои поради својата нефункционалност предизвикуваат проблеми кај возачите и ја загрозува безбедноста на пешаците.

Охриѓани реагираат дека иако поголемиот дел од булеварот „Туристичка“ е осветлен, уличните светилки долж сообраќајницата кај Основното музичко училиште „Методи Патче“ се нефеунцкионални.  

Веќе некој месец светилките на Туристичка се прегорени и никој не реагира. Безбедноста на оние кои ја минуваат улицата е навистина загрозена. Нема никакво осветлување, а со недели е жива темница.“ – реагираат охриѓани.

Со допис до OhridNews, се огласија и станарите од околните згради наспроти музичкото училиште, кои велат дека веќе неколку месеци на оваа локација се прегорени неколку улични светилки.

Толку е темно што со страв ги пуштаме децата навечер. Се надеваме дека со медиумска помош, ќе може да се надмини овој проблем со кој се соочуваме.“ – велат охриѓани во дописот до OhridNews.

Со сличен проблем се и жителите од „Богомилска“, кои апелираат дека делови од улицата воопшто немаат светилки, а потегот е најчесто осветлен од поединци, сопственици на индивидуални куќи.

Веќе подолг временски период некои делови од улицата се буквално под мрак. Дали ние, дали комшиите пуштаме светло во двороите, за да може да се помине оттука.“ – велат жители од улицата Богомилска.

Како што претходно информираа од локалната самоуправа, доколку граѓаните имаат проблеми со уличното осветлување, треба да достават писмено или усмено барање до надлежните служби во Секторот за комунален развој, со бројот на сијаличното место.

OhridNews