Жители од улица „Марко Цепенков“ во населбата Видобишта се жалат дека со часови нема улично осветлување.

 

Вака е од доцна попладнето. Без улично светло се и околните сокачиња, едноставно целосен мрак. – велат револтираните жители.

Додаваат дека не знаат за што се работи, а сите обиди да добијат повеќе информации биле безупешни, поради што апелираат до надлежните служби да реагираат во најбрз можен рок и да го решат проблемот.

OhridNews