Поголемиот дел од градските површини се хортикулутрно уредени пред туристичката сезона. Но сепак, делови во строгиот охридски центар се обраснати со висока трева.

Долж улицата „Македонски просветители“, тревата надминува половина метар, а грдата слика секојдневно ја гледаат туристите кои престојуваат во Охрид.

Граѓаните апелираат до сопствениците на објектите пред чии дворови е обраснатата тревата да преземат соодветни мерки, во спротивно се надеваат дека надлежните ќе излезат на терен и ќе го решат проблемот.

O.T.