Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има само во Крива Паланка, но без проблеми во сообраќајот, информираат од АМСМ.
Поради минирање на патниот правец Кичево – Охрид, денес, на потегот од Пресека до село Врбјане, од 12 до 15 часот, сообраќајот ќе биде делумно во прекин додека се врши минирањето.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
OhridNews