Поради тоа Јавната Установа Национален Парк Галичица, согласно член 57 став 3 ( Сл.весник на РМ бр.64/9) и согласно “Правилникот за посебни мерки за заштита на шумите од пожари“ Сл.Весник 69/2001 ги известува сите посетители на паркот дека се активира делумна забрана за движење во шума до 31 август 2012 год. Прекршителите на оваа забрана ќе бидат казнети парично со казни од 1500 -2000 евра, а за палење на стрништа предвидена е казна од 1500 до 3000 евра.
ЈУНП „Галичица “ издава Одобрение за ограничено и контролирано движење во шума врз основа на барање за движење во шума поднесено од заинтересираните физички и правни лица. Установата ги повикува граѓаните при евентуално забележувањена пожар да пријават на бесплатниот телефонски број 195 во Центарот за управување со кризи или на 193 во ТПЕ.
– Ги потсетуваме граѓаните дека е строго забрането палење на оган, правење скари, фрлање догорчиња и секаков запалив отпадок и материјали на отворен простор, напоменуваат од ЈУ Национален парк Галичица.