Поради опасностa од настанување и ширење на шумски пожари како последица на високите температури и бујната сува вегетација, владиното Координативно тело за заштита на шумите од пожари донесе одлука сите субјекти кои стопанисуваат со шумите да прогласат делумна забрана за движење во шума.

Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна на корисникот на шумите, се движи од 2.000 до 3.000 евра, додека за правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари изнесува од 15 до 20 илјади евра, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Координативното тело ги потсетува земјоделците дека е забрането палење на стрништа, за што казните се движат од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица.

OhridNews