Стадионот „Винсенте Калдерон“ на кој се натпреварува Атлетико Мадрид ќе биде домаќин на финалето од Купот на Шпанија кое ќе се одигра на 27 мај, а ќе се сретнат Барселона и Алавес.
Со овој потег Фудбалската федерација на Шпанија делумно ја исполна желбата на Барселона финалето да го игра во Мадрид. Првичната желба на каталонците беше финалниот натпревар да го играат на „Сантијаго Бернабеу“ на кој домаќин е лутиот ривал, Реал Мадрид.
Сепак, стадионот на Атлетико Мадрид не е случајно одбран за домаќин, бидејќи после завршување на оваа сезона домот на популарните „јорганџии“ ќе се урни.
Атлетико Мадрид веќе започна со изградба на новиот стадион „Ванда Метрополитано“ на кој ќе треба да се преселат до крајот на 2018 година.
OhridNews