
Доколку предвреме се донесе Законот за амнестија, тешко ќе се откријат сите инволвирани во крвавиот четврток и обидот за државен удар, а “селективната” правда, дополнително ќе го охрабри Ѓорге Иванов, да донесе одлука за аболиција на организаторите и насилниците. Демократскиот сојуз сугерира прво да се заврши судскиот процес, а потоа да се разгледа можноста за амнестија, со тоа што Законот за амнестија да стапи во сила едновремено со изгласувањето на уставните промени. Поради сето ова, Демократскиот сојуз укажува дека, целокупниот процес треба да се води доста претпазливо и одговорно, за да не се сруши владеењето на правото и правната држава, како основни предуслови за продолжување на евроатланските процеси.
Демократски сојуз
OhridNews











