Демократскиот сојуз бара ново судење за обвинетите во случајот „ШПИОН“ поради, како што се наведува во партиското соопштение, пропусти во постапката.
„Демократскиот сојуз целосно ја почитува независноста и самостојноста на обвинителството во целина, како и Специјалното јавно обвинителство, но го задржува демократското право да ги коментира одлуките. СЈО го презеде случајот “ШПИОН” и сигурно за тоа има и правен основ но и цврсти докази и сомненија дека Јавното обвинителство или судот направил повреда на законите или уште полошо работеле под притисок и диктат на Власта.
Доколку е така мора да има повторно судење, секој осомничен во транспарентна постапка да може да ги презентира сите факти и докази, да се преоценат доказите и во целина обвинувањата.“ – се вели во соопштението.
Според ДС, на овој начин има логика Специјалното јавно обвинителство да го застапува обвинението против 18 мината за шпионажа, уцени и др., а да се бара намалување на казните без да се изведат докази за тоа дека казните се одредувани по налог на партијата на власт или моќници од безбедносните служби, тоа е апсурд и нема правна логика и аргументи. Затоа ДС смета дека на сите против кои се води постапка треба да им се даде шанса преку повторување на судската постапка.
OhridNews