Одлуката за аболиција донесена од страна на претседателот Ѓорге Иванов претставува своевиден државен удар врз Република Македонија долгорочно го загрози демократскиот развој, перспективите на државата и го урниса правниот поредок, смета претседателството на Демократскиот сојуз.

Според партијата Иванов го погазил начелото на презумпција на невиност и со одлуката за аболиција ја потврдил одговорноста и вината на сите што ги амнестира без да имаат можност својата евентуална невиност да ја докажат пред суд. 

„Ѓорге Иванов со оваа одлука ја вовлече Македонија во хаос и вонредна состојба, со тешки последици по стабилноста на земјата и нормално одвивање на животот. Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани да се обединат, без разлика на нивната партиска, етничка, религиозна или друга припадност и да ја осудат постапката на Ѓорге Иванов. ДС ги повикува граѓаните сите заедно да излеземе на масовни, но мирни демонстрации и да протестираме сé додека Ѓорге Иванов не поднесе оставка и апелира граѓаните да не се конфронтираат меѓу себе и со полицијата.“ – стои во соопштението на партијата.

Демократскиот сојуз предлага да се одржи средба меѓу лидерите на сите парламентарни и вонпарламентарни партии, на која ќе утврди стратегија за излез од кризата.

OhridNews

Иванов прогласи прекин на сите судски постапки против политичарите во Македонија