Само еден месец по пуштањето во  употреба, „Паркот на пријателите“ стана мета на вандалите од градот. Во текот на изминатите денови, насилниците ја искршиле едната плоча, а другата е делумно оштетена.

Екипите на охридското претпријатие „Комуналец“ случајот го пријавиле во Секторот за внатрешни работи Охрид, очекувајќи брзо расветлување на случајот и пронаоѓање на виновниците.

Од ова претпријатие апелираат до надлежните служби да обезбедат поголемо присуство на свои службени лица во парковите, како овие немили настани би станале минато.

OhridNews