Од коалицијата „Сојуз за иднината“ информираат дека ноќеска, непознати сторители го демолирале реонскиот изборен штаб на здружената опозиција што се наоаѓа кај чинарот во населбата „ Горна влашка маала “ .
– За овој вандалски чин , писмено е известен Секторот за внатешни работи од Охрид , од каде очекуваме брзо откривање на сторителите и поголема будност за безбедноста на изборните штабови . Воедно , до политичките ривали , упатуваме апел за фер , демократски и безбеден изборен процес, велат од „Сојузот за иднината“ .
Од СВР Охрид велат дека кај нив инцидентот сеуште не е пријавен.











