Во инцидент кај Бит пазар по натпреварот Вардар-Сосиедад (0:6) повредени се најмалку 3 лица, а оштетени се два автобуси, потврдија од полицијата за „Телма“.

Инцидентот започнал во приватен автобус број 50 на ЈСП кој сообраќал во правец кон Бит пазар, а внатре се степале навивач на Вардар и патник. Друго лице за кое се претпоставува дека исто така е припадник на навивачката група дошло до возачот и го грабнало воланот по што автобусот почнал да се движи во страна. Автобусот потоа удрил во друг автобус со број 20 на ЈСП.

Навивачите излегле надвор и почнале да фрлаат со камења кон автобусот и ги искршиле стаклата на 20-ката која вози до населбата Шутка.

Инцидентот продолжил кога на провокациите на Комитите кај Бит пазар дошла група навивачи на Шкупи, Шверцери и започнале пресметка меѓу себе, тврдат очевидци на настанот за Телма.

Полицијата стигнала на лице место и двете групи се разотишле. Но во инцидентот се повредени 3 лица, велат од МВР. Полиција во првичното официјално соопштение не потенцира дека станува збор за навивачка пресметка.

Извор: Телма
OhridNews