Граѓанин незадоволен што неговата трансакциона сметка била блокирана заради неподмирен долг за радиодифузна такса, утрово ги демолирал просториите на подрачната единица на УЈП во Струга.

Незадоволниот граѓанин со тврд предмет искршил неколку стакла од влезната врата и ги вознемирил вработените.

Инцидентот бил пријавен во струшката полиција која интервенирала и го привела агресивниот граѓанин.

OhridNews