В четврток со почеток од 18:00 часот во салата “Билјанини Извори“ во организација на охридските клубови HWA RANG ITF и Mастер ќе се одржи демонстративен тренинг во таеквондо.

 
Тренингот ќе го водат деца од Јужна Кореја на возраст од 12 до 13 години. Демонстративниот тренинг ќе помине под будното око на вицепрвакот од 1996 година Марјанчо Лазарески,  Саша Попоски и Џа Сон Хванг.

Мх.П.