О.У. „Св. Климент Охридски“ Охрид ќе се вклучи во одбележување на 22-ри април – Денот на планетата Земја, со акција под наслов „Ден без автомобилски чад – ден на велосипеди“.
По тој повод, во понеделник, 22-ри април со почеток во 12.00 часот, училиштето организира возење со велосипеди од градскиот плоштад до Горица.
-Целта на акцијата е на симболичен начин да ги повикаме возрасните што помалку да ги користат автомобилите кои со своите издувни гасови го загадуваат воздухот, а наместо нив многу повеќе да ги користат велосипедите како превозни средства, како што тоа е пракса во развиените европски држави: Холандија, Норвешка, Шведска, Данска и други.-информираат од О.У. „Св. Климент Охридски“.