Свеченото отворање на Евробаскетот ќе се случи на 5 jули на градскиот плоштад во Охрид, со почеток во 21:30, а веќе следниот ден од 12:00 часот започнува првиот натпревар. Првиот дуел Македонија го игра против Израел на 7 јули во 21:00 часот.
Деталите за Евробаскетот ќе бидат презентираани на прес конференцијата закажана за денес во спорт кафе барот “Офсајд“ во салата “Билјанини извори“ во Охрид











