Срамежлива насмевка и поглед, пеперутки во стомакот и потоа љубов. Едноставно прекрасна. Потоа прашање и ќе бидеш на седмо небо. Возбуда во текот на подготовката, облекувањето, букетот, чевлите, просторот, музиката…Што е со долната облека?

Долната облека на денот на венчавката е речиси исто толку важна колку и свадбениот фустан. Мора да бидат нагласени женствените линии на вистинските места, во неа треба да се чувствуваш пријатно и лесно како да не носиш ништо, бидејќи не сакаш ништо да ти го расипе твојот најсреќен ден. Многу е важен вистинскиот избор на боја, големина и модел.

За ваш комплетен изглед, имаме неколку совети:

Потполно прилегање

Долната облека ќе ја носите цел ден, освен тоа што ќе биде заводлива таа треба да биде и удобна. Бидете внимателни за да го изберете вистинскиот модел и големина. Бидете трпеливи и пробајте различни модели, можеби ќе одговара оној кој нема да го пробате.

Избор на боја

Традиционално невестата треба да биде убавица на свадбената прослава, облечена во магична бела долна облека – снежно или млечно бела боја. Сепак, модерните невести често се осмелуваат да носат и некои посмели бои и дезени. За модерен избор на свадбена долна облека препорачуваме изборот на боја да биде во кожа боја или слична нијанса која би била како втора кожа и ќе биде незабележлива под свдбениот фустан.

Покрај бојата обрнете внимание на моделот и искористете ги различните кроеви за истакнување на вашите атрибути. Со балконет модел на градникот или WOW push up градникот ќе ги истакнете вашите гради, а со push up гаќичките ќе го истакнете убаво обликуваниот задник.

Чипка или минимализам

Зависно од тоа каква е венчаницата, одберете ј аи долната облека.
Ако вашата венчаница е тенка и мазна ќе мора да се одлучите за мазен градник со безшавни корпи, со што долната облека дискретно ќе биде сокриена под фустанот и ќе се погрижи за удобност и поддршка. Исто така тука е и моделот на градник со менливи прерамки. Ако обожувате чипка и вез можете гордо да ги носите и на денот на венчавката.

Невести не заборавајте дека за денот кој го чекавте заслужувате нешто посебно и чудесно, нешто што секогаш ќе остане во вашите спомени.

www.lisca.mk

OhridNews