Градските власти во Лос Анџелес одлучија 24 август да му го посветат на Коби Брајант кој се повлече од активното играње кошарка.


Овој датум (24.08) неслучајно е одбран бидејќи Коби Брајант на почетокот од кариерата во Лејкерс ја носеше 8-та, а потоа 24-ката.

Коби е еден од тројцата најдобри кошаркари во историјата на лејкерски освојувајќи пет шампионски прстени.

Тој целата кариера ја мина во тимот на „езерџиите“, а во Лос Анџелес премина од Шарлот во прочуената трампа за Владе Дивац.

OhridNews