Заврши групната фаза на турнирот „Богородица куп 2026“. Денескав е слободен ден, а фудбалските возбудувања во Волино продолжуваат утре, кога започнува елиминационата фаза.

Во осминафиналето на 28. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал се пласираа 16 екипи, а во следните три вечери ќе бидат одиграни осум натпревари по кои ќе бидат познати четвртфиналистите.

Елиминациите утре ги отвораат Сатеска и Др. Баткоски, по што следува интересната пресметка меѓу Асп Пак и Златара Бени Ерол. Првата осминафинална вечер ќе ја затворат Аце Најдески и Мики Про Керамика.

Четврток, 20 август – 1/8 финале

20:30 Сатеска – Др. Баткоски
21:30 Асп Пак – Златара Бени Ерол
22:30 Аце Најдески – Мики Про Керамика

Петок, 21 август – 1/8 финале

20:30 Киоск Кај Бироно – Викса Пром
21:30 Инекс Олгица – Охридски бисер Филеви

Сабота, 22 август – 1/8 финале

20:30 Екстра Скопско – БЗ Груп
21:30 Типлери – Чардак Велгошти
22:30 ДОЕЛ Ноче – Мороишта

Со елиминационата фаза влогот станува поголем – победниците продолжуваат во четвртфиналето, а за поразените завршува настапот на годинашниот „Богородица куп“.

OhridNews