Денес ќе се одржи генерална проба за Бадиковата поворка 2026 со почеток во 12 часот во спортската сала на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.

Пожелно е да присуствувате во што поголем број, за заеднички, во духот на Божиќната радост, да ја усогласиме и подготвиме Поворката како што доликува, за 6-ти јануари, кога и ќе се одржи истата, велат организаторите.

Поворката, на која секоја година учествуваат неколку стотини дечиња, традиционално се одржува со дефиле низ улиците на градот и пристигнување на плоштадот „Св.Климент Охридски“, каде е поставена Божиќната пештера која го наговестува денот на Христовото раѓање.

OhridNews