Денес ќе биде отворена Планинската куќа во селото Брежани, Општина Дебрца. Планинската куќа располага со 10 легла, тоалети, кујна и заеднички простории.

Очекувањата се дека овој објект ќе придонесе за развојот на авантуристичкиот туризам во овој регион и дека ќе биде поттик за понатамошни заложби за инвестиции во авантуристчкиот туризам, велат од ОО Црвен крст Охрид.

За градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, реализацијата на проектот е во директна корелација со визијата Дебрца да прерасне во високорангирана природна и културна туристичка дестинација.

Реконструкцијата на старата училишна зграда во селото Брежани и нејзина адаптација во Планинска куќа е реализирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.

Проектот е реализиран од страна на Црвен крст Охрид во партнерство со општините Дебрца од Република Северна Македонија и Грамш од Република Албанија, како и Алпинистичкиот клуб Патагонија Охрид.

OhridNews