Некаде на истекот на денешниот ден, фудбалска Европа ќе го добие наследникот на Барселона.

Седма титула за Милан или шеста за Ливерпул, тоа се дилемите пред финалето од ЛШ закажано за утревечер на олимпискиот стадион во Атина.

Двата тима во Грчката престолнина се од вчера и веќе одработија по еден тренинг.

Атинскиот аеродром од денеска па се до четврток ќе биде еден од најфреквентните во светот. На секои 75 секунди ќе слетува и полетува по еден авион.

Причината е едноставна утре во Атина се игра финалето на ЛШ.

Проценките на организаторот се дека денеска на улиците на главниот град на Грција ќе има околу 20000 фанови,нивната бријка ќе кулминира утре кога се очекува бројката да се искачи на 50 илјади.

Сепак барем денеска настан кои е пред фудбалот се преговорите со полицијскиот синдикат. Тие незадоволни од платите најавија дека ќе штрајкуваат токму денес. Доколку преговорите бидат успешни, илјада полицајци ќе има на Атинските улици,а 14 илјади во состојба на готовност. На помош на Грчките колеги пристигнаа и по 150 полицајци од Ливерпул и Милано.

Што се однесува до финалистите, Милан е во потера по седмата европска титула, но и одмазда за загубеното финале во Истанбул, најтрофејниот островски тим Ливерпул ја брка шестата континентална титула.

Карло Анчелоти веќе го знае тимот кој ќе го започне натпреварот, големо олеснување за Анчелоти е враќањето на Малдини кој се рехабилитира од повредата.

Рафа Бенитез се уште не се изјаснил околу стартната постава на Ливерпул.

Двајцата стратези потенцираат дека нивните избраници финалниот натпревар ќе го дочекаат во добро физичко и ментално расположение.

Една од темите со која се занимаваат медиумите се евентуалните пенали и имињата на фудбалерите кои ќе ги шутираат.

Ако е за верување Кака ,Пирло, Одо, Јанкулоски и Сидорф би бил изборот на Анчелоти, наспроти Рисе, Џерард, Зенден, Кујт и Чаби Алонсо за кои би се решил Бенитез.

Што се однесува до облужувалниците според нив фаворит е Милан,тешко дека со ова се согласуваат навивачите на Ливерпул.