Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Вакво време не очекува денеска. Температурите ќе се движат од 12 до 23 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеролошки работи.

Според прогнозите времето викендов ќе биде променливо облачно, претпладне сончево, попладне се очекува постепено наоблачување со локален дожд и можна појава на грмежи. Ќе дува дозасилен југозападен, а потоа северозападен ветер, а температурата ќе биде во опаѓање. Минималните температури ќе изнесуваат 15, а максималните, 24 степени Целзиусови.

OhridNews