Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а попладне со ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Охрид сончево, до умерено облачно со максимална температура до 21 степен Целзиусов.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, слично време не очекува во петок, а веќе во сабота ќе имаме многу сонце и вистински летни температури кои викендот на места ќе се искачат до +33 степени Целзиусови.

OhridNews