Според прогнозите на метеоролозите, денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд со грмежи. Утре  не очекува нестабилно време, со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Стабилизирање на временските услови се очекува во сабота, за кога се предвидува сончево, доумерено облачно време и благо покачување на температурата.

Минималната ќе се движи околу 11 степен целзиусов, додека пак максималната до 25 степени.

OhridNews