Во скопскиот Кривичен суд денес се очекува да продолжи судскиот процес за „Фаланга 2“ при што се очекува исказ да даде и поранешниот директор на Управата, Паско Кузман, кој е дел од групата 16 приведени во акцијата.

Кузман се товари за злоупотреба на службената положба бидејќи нелегално издал согласност на две лица да вршат ископувања во околината на Катланово и кај Делчево.

Судскиот процес почна на 16- ти септември кога исказ пред судот даде првообвинетиот Илчо Бојчевски, кој бил раководител на Одделението за превенција на културното наследство при Управата за заштита на културното наследство.

На 30 август со одлука на Кривичниот суд во Скопје на Паско Кузман за уште еден месец му беше продолжен домашниот притвор.

OhridNews