Денеска на пладне во Основниот суд 1 во Скопје ќе биде соопштена пресудата за Љубе Бошкоски, претседател на партијата Обединети за Македонија кому му се суди за нелегално финансирање на изборната кампања.

Бошкоски очекува дека ќе биде ослободен. Тој не признава дека зел пари за изборите во јуни.

Судскиот процес траеше неколку месеци. Во текот на процесот Бошкоски не даваше изјави, освен на крајот на судењето кога кажа дека судењето против него е монтиран политички процес.

OhridNews