Денеска во охридскиот Центар за култура, на лауреатот Веле Смилевски ќе му биде врачена Повелбата за најдобра поема „Григор Прличев“. Неговото остварување насловено како „Век за самување“, свечено ќе биде претставено пред охридската јавност на денешните „Прличеви беседи“.

По повод наградата, охридските актери Билјана Билаловиќ и Никола Тодороски ќе ја изведат победничката поема. Исто така, пред присутните ќе се обрати директорката на оваа установа,  Драгана Боцеска, а Бранко Цветкоски од Друштовото на писатели на Македонија ќе прочита дел од својата беседа.

Претходно во  12.45, ќе биде отворена изложбата на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура.

Во текот на утрешниот ден, меѓу останатите содржини, предвидена е и панихида на гробот на Прличев, промоција на ЦД изданието „ Охридската библиотека од основањето до денес“, традиционалната Прличева визита, а со почеток во 19 часот ќе се одржи свечената приредба по повод патрониот празник на основното училиште „ Григор Прличев“.

Освен Центарот за култура, во организирањето на „Прличевите беседи“ вклучени се и охридската библиотека, локалната самоуправа, Завод и музеј, и ОУ „Григор Прличев“, а манифестацијата е подржана од министерството за култура, Друштвото на писатели и издавачката куќа „Просветно дело“.

OhridNews