Денес со почеток во 19.00 часот на градскиот плоштад најмладите ќе можат да уживаат во предновогодишна забава на која ќе има „Пакетчиња за сите дечиња“. Организаторите најавуваат многу изненадувања, награди, дружење, музика и забава.

Целта на оваа акција за делење на пакетчиња е да се усреќат што повеќе дечиња пред се децата од семејства од социјален ризик на територијата на Охрид и околината за да ја почувствуваат магијата на Новата година и да се израдуваат, додава Wik Kakarotski, еден од иницијаторите.

Годинава се планираат да бидат донирани повеќе од две илјади пакетчиња.

OhridNews