На третиот ден од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ охриѓани и гостите ќе имаат можност да го проследат настапот на театарот „Инат“ од здружението Пркос од Ужице, Србија.

Тие вечерва на сцената во предворјето на црквата Св.Софија, со почеток во 21 ч. ќе настапат со претставата „ЧУДО У ШЕРГАНУ“, една од најдобрите српски драми, која е безвременска приказна за нас, за животот на обичните луѓе.

Блескав сценски настап вчера имаше театарската група на Црвен крст Битола, на вториот ден од Аматерски театарски фестивал.

На сцената во предворјето на црквата Св.Софија ја изведоа претставата „УМРИ МАШКИ“ преку која на траги-комичен начин прикажаа како животот на двајца мажи може да се промени поради една манипулативна жена.

Влезот е слободен.

OhridNews