Денес, во Скопје, ќе бидат прогласени победниците- најдобрите интернет сајтови во Македонија, во чиј финален избор на стручната жири комисија влезе и OhridNews.

Изборот „ Сајт на годината“ се организира по четвртти пат од страна на Media Solutions и системот за онлајн- реклами keepaneye.mk со цел да се популаризираат македонскиот веб-простор преку афирмација на најквалитетните, највпечатливите и најиновативните сајтови.

Селекцијата на сајтовите кои влегоа во потесниот избор се изврши  според техничка изработка, дизајн, функционалност, содржина, интерактивност и иновативност, односно креативност, поради што и заслужено меѓу најдобрите се најде и најдобриот и најпосетуван интернет портал во поширокиот регион OhridNews.

Освен најдобрата веб-страница во Македонија, дел од изборот се и останатите категории: најдобар сајт според публика, дизајн, забавен, информативен, спортски, бизнис односно корпоративен, најиновативен, со најбрз раст, за е-трговија, мобилен, за владини т.е. државни институции и најдобар блог.

OhridNews