Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и многу топло. Максималната дневна температура ќе се движи до 34 степени Целзиусови.

Слично време ќе се задржи и во другите краишта, а на места кон крајот на денот поради продор на студен воздух од север ќе има зголемување на облачноста и умерен до засилен северен ветер.


Поради пробив на ладна воздушна маса од север од утре се очекува пад на температурите за десетина степени,  засилен ветер и зголемување на облачноста, информираат од УХМР.

OhridNews