Триесет млади лидери од 4 земји, од денес до 31 јули, ќе земат учество на Летната Школа со наслов „ Направи разлика биди иновативен ЕУ лидер“ која ќе се одржи во хотелот „Славија Спектар“.

Летната школа како единствен настан од овој тип во Македонија е плод на успешната соработка меѓу Економскиот Факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  и АИСЕК – Локалниот комитет од Скопје.

Преку низа предавања работилници и работа на случаи, низ призмата на иновациите,  учесниците ќе ги развијат своите лидерски вештини.

Во рамките на летната школа, со поддршка на Општина Охрид, предвидена е посета на Националниот парк Галичица,каде учесниците ќе се запознаат со карактеристичната клима, флора и фауна. Воедно, посетата ќе биде искористена за креирање и презентирање на иновативни решенија за развој на алтернативниот туризам во Националниот парк Галичица, а токму ваквите иновативни решенија ќе бидат доставени до Општината за развој на стратегија.

OhridNews