Времето денеска во земјата ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи, претежно од снег. Температурата ќе биде од минус четири до седум степени целзиусови. Во одредени делови од земјата ќе дува и силен ветер кој ќе достигне јачина и до 90 километри на час.

Утрово, снег врне во северозападните делови на земјата. Во текот на ноќта најмногу снег наврнало на Кожуф – 107 сантиметри, Маврови Анови – 68, Лазарополе – 40, Крушево – 36, Прилеп – 27, Битола – 25, Пожаране – 18, Претор – 17, Крива Паланка – 13, Берово – 12 и во Охрид наврнале 11 сантиметри снег. Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Дојран – 65 литри на метар на квадратен, Гевгелија – 51 и во Демир Капија – 42.

OhridNews