Кај градскиот плоштад денес, ќе се изврши промоција на двокатниот панорамски автобус кој општина Охрид го доби како поклон од владата.

На промоцијата ќе присуствуваат Градоначалникот Никола Бакрачески и Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Новиот панорамски автобус , произведен 2012 година, е со 60 места за седење и 20 места за стоење.  Автобусот е и со електрична погонувана рампа за инвалиди што претставува и доследна примена на законските обврски со кои се обезбедува пристапност за лицата со инвалидитет до сите објекти.

OhridNews