
Мандатарот Никола Груевски пред десетина дена ја достави програмата и составот на новата Влада до Собранието, откако ВМРО-ДПМНЕ постигна договор за коалицирање со Демократската унија за интеграции.
На седницата за избирање на новиот владин состав се очекува идниот премиер, Никола Груевски, пред пратениците да ја образложи владината платформа.
Мандатарот Груевски, за министер за одбрана го предложи досегашниот амбасадор во САД Зоран Јолевски, за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за правда Аднан Јашари, за надворешни работи Никола Попоски, за финансии Зоран Ставрески, за економија Беким Незири, за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, за здравство Никола Тодоров, за образование и наука Абдилаќим Адеми, за труд и социјална политика Диме Спасов, за локална самоуправа Љирим Шабани, за култура Елизабета Канческа Милевска, за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, за транспорт и врски Миле Јанакиески и за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири. За министри без ресор се предложени Владимир Пешевски, Фатмир Бесими, Муса Џафери, Фуркан Чако, Неждет Мустафа, Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумоф, Висар Фида и Горан Мицковски.
OhridNews












